САД

Второ неуспешно гласање за спикер на Претставничкиот дом

19.10.2023 09:37

Американските пратеници по вторпат ја отфрлија кандидатурата на тврдокорниот конзервативец Џим Џордан за претседател на Претставничкиот дом...

Американските пратеници по вторпат ја отфрлија кандидатурата на тврдокорниот конзервативец Џим Џордан за претседател на Претставничкиот дом.

Долниот дом на конгресот е во хаос откако републиканскиот спикер Кевин Мекарти беше соборен од екстремната десница на неговата партија на 3-ти октомври.