Зголемено ново на безбедност во светските метрополи
Зголемено ново на безбедност во повеќето светски метрополи поради разгорувањето на војната меѓу Израел и милитантите на Хамас...

Зголемено ново на безбедност во повеќето светски метрополи поради разгорувањето на војната меѓу Израел и милитантите на Хамас.
Италија соопшти дека го суспендира договорот за отворена граница со Словенија, наведувајќи ја како причина зголемената закана од тероризам поради конфликтот на Блискиот Исток.
Австриските власти го подигнаа нивото на предупредување за закана од тероризам поради конфликтот меѓу Израел и Хамас и по терористичкиот напад во Брисел.
Во Франција беа евакуирани единаесет аеродроми поради дојава за поставена бомба. По нападот на радикален исламист кој уби професор на северот од Франција, безбедносната тревога во земјата е подигната на највисоко ниво.
