Русија-Украина

Русија изврши големи воздушни напади врз Украина

19.10.2023 11:48

Руските сили изведоа нови воздушни напади во источна, јужна и северна Украина, соопшти украинската војска...

Руските сили изведоа нови воздушни напади во источна, јужна и северна Украина, соопшти украинската војска. Нема извештаи за жртви.

Во нападите биле користени 17 различни видови оружје, вклучително и балистички и крстаречки ракети, како и беспилотни летала. Рускиот претседател Путин ја оцени како грешка американската испорака на ракети.

Уште поголема грешка е што САД се повеќе лично се вовлекуваат во војната со Украина, истакна Путин.