Русија

Руските власти уапсија новинарка на Радио Слободна Европа

19.10.2023 12:01

Русија ја приведе уредничката на Радио Слободна Европа, бидејќи не се регистрирала како странски агент за време на престој во земјата...

Русија ја приведе уредничката на Радио Слободна Европа, бидејќи не се регистрирала како странски агент за време на престој во земјата.

Курмашева отпатувала за Русија поради итен семеен случај, но на излегување од земјата била уапсен со образложение дека не го пријавила американскиот пасош.

Радио Слободна Европа и Комитетот за заштита на новинарите побараа итно ослободување на новинарката. Русија ја зајакна контролата врз медиумите од почетокот на инвазијата на Украина.

Затвори голем број медиумски куќи и многумина новинари ги прогласи за странски агенти.