Тенис

Пријатни или не, повторно со изненадувања во Париз

28.05.2014 10:48

Денеска на терен по трето коло истрчуваат: Ѓоковиќ(2)-Шарди, Федерер(4)-Шварцзман, Бердих(6)-Недовиесов, Раонич(8)-Весели од машката топ 10-ка...

Третиот ден ни малку мирен од вториот на тема фаворити, на вторит годинешен грен слем, Роланд Гарос. Дамите носителки беа во него на отстрел.

На Ли второ рангираната на француската црвеница, ќе продолжи случувањата на парискиот грен слем во сингл, да ги гледа од трибини од како беше елиминирана од малку познатата канадска тенисерка, Кристина Младеновиќ(7:5, 3:6, 6:1). Ништо подобро не мина ниту некогаш најдобрата на планетава Каролина Возњацки, која пак беше поразена во првото представување во Париз од Викмаер по три одигрни сета (7:6, 4:6, 6:2). 10-тата носителка Ерани, потешко од очекувањата до втор круг, затоа пак лесно 4-тиот рекет Халеп избори настап плус.

Тенисерите имаа мирен фаворитски ден. 5-тиот во Париз, Ферер на црвеницата неговиот заштитен знак, му одржа лекција на холанѓанецот Сијслинг(6:4, 6:3, 6:1) додека па Енди Мареј(7) мораше преку Голубев во четири сета(6:1, 6:4, 3:6, 6:3) да избори втора париска рунда.

Денеска на терен по трето коло истрчуваат: Ѓоковиќ(2)-Шарди, Федерер(4)-Шварцзман, Бердих(6)-Недовиесов, Раонич(8)-Весели од машката топ 10-ка.

Од тенисерките црвена прашина ќе кренат, Серена Вилијамс(1)-Мугуруза, Радванска(3)-Плискова, Шарапова(7)-Пиронкова, Кербер(8)-Лепченко и Цибулкова(9)-Пазек.