Пратениците од СДСМ денеска ќе поднесат оставки во Собранието

28.05.2014 12:21

Според изборниот законик, ако пратеник поднесе оставка, собранието на првата наредна седница констатира дека на пратеникот му престанува мандатот од денот на одржувањето на седницата...

Според партиски извори, пратениците од опозицискиот СДСМ денеска ќе поднесат оставки во Собранието. Ваквата одлука била донесена на состанокот меѓу пратениците и раководството на СДСМ, иако меѓу пратениците имало несогласувања.

Според изборниот законик, ако пратеник поднесе оставка, собранието на првата наредна седница констатира дека на пратеникот му престанува мандатот од денот на одржувањето на седницата.

Роза Топузова-Каревска од опозициската ЛДП, коалициски партнер на СДСМ реши да остане во парламентот и да не ја почитува одлуката на опозициските партии да поднесат оставки. 

Според изборниот законик, кога пратеник ќе поднесе оставка, мандат се префрлува на наредниот кандидат од листата на истата партија или коалиција.

За тоа, ДИК треба да го извести кандидатот од листата во рок од три дена. Ако не го прифати мандатот, правото се пренесува се до исцрпување на листата. Крајната инстанца се дополнителни избори.