Премиера на „Хамлет“ во прилепскиот театар
Прилепскиот театар денеска премиерно ќе го изведен најпознатото светско драмско дело – „Хамлет“ на Шекспир. Хрватскиот режисер Бранко Брезовец, кому му е трета соработка со прилепскиот анасмбл, со препознатливост на неочекуваното, на публликата и нуди уште еден театарски спектакл...

Премиерата на најпознатото светско дело, шекспировиот „Хамлет“, секој агол на прилепскиот театар го претвора во драмска сцена. Со нагласеност на конфликтот во и меѓу ликовите, стремежот за моќ и желбата за одмазда, „Хамлет“ на режисерот Бранко Брезовец се труди и да биде и да не биде наш современик и современик на нашиот театар.
„Хамлет“ можете да го гледате од најразлични аспекти, можете да ги критикувате неговите неамбизиозност и неактивност или можете тоа да го пофалите. Овде е обидот сето тоа да се покаже во сите свои скокови и со сите свои можности. Тоа за луѓето кои очекуваат цврста карактерност на ликот, може да им се чини необично“, изјави реѓисерот Бранко Брезовец.
Предизвик е да се игра „Хамлет“, а за актерската екипа фасцинантно е и дека секој дел од објектот е драмска сцена.
Ова е трета соработка на хрватскиот режисер со прилепскиот ансамбл и трета премиера на прилепскиот театар годинава.
Елизабета Митреска
