Почнува кампањата за парламентарните избори во Косово
Во Косово денеска почнува предизборната кампања за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 8 јуни.
На изборите ќе учествуваат 30 политичари, меѓу кои има и петмина Срби. Кандидатот за пратеник од “Српската листа” Слободан Петровиќ истакна дека потребниот број гласови за победа на пратеничко место зависи од одѕивот. Може да се очекува, сепак, дека ќе бидат потребни меѓу 35 000 и 40 000 гласа за премин на прагот за влез во парламентот.

Парламентарните избори во Косово ќе бидат следени од 3.000 набљудувачи. Самата предизборна кампања ќе заврши на 6 јуни.