Скопје
Бесплатено зонско паркирање во понеделник на паркиралиштата на ЈП „Градски паркинг“
20.10.2023 09:54
Редовна наплата ќе се врши на зона А0-Водно, катни гаражи: „Беко“ и „26-ти Јули“ и јавните паркиралишта Кочо Рацин, Треска, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт и клинички центар Мајка Тереза...

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје информира дека во понеделник, на Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври (понеделник), на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува , т.е. на зоните А, Б, Ц и Д, нема да се врши наплата.
Редовна наплата ќе се врши на зона А0-Водно, катни гаражи: „Беко“ и „26-ти Јули“ и јавните паркиралишта Кочо Рацин, Треска, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт и клинички центар Мајка Тереза.
