Конференција

Европска интеграција на Западен Балкан

20.10.2023 12:33

Време е политичките партии на дело да ја демонстрираат посветеноста на интеграциите – собранискиот спикер Џафери, од конференцијата којашто се одржува во Законодавниот дом, побара поддршка за уставните измени. Првиот човек на парламентарното собрание на Советот на Европа, Тини Кокс, верува во потребата од проширување на Унијата со Западен Балкан, бидејќи последните кризи во светот го менуваат геополитичкиот контекст...

Сега сме во финалната фаза за пристапување во Европската унија. Во поодмината фаза сме на скринингот, но останува уште еден предизвик – уставните промени за продолжување на пристапните преговори, изјави претседателот на Собранието Џафери на Меѓународна конференција за продолжување на евроинтеграција.

Интеграцијата во ЕУ до 2030 не е само наша цел и интерес, туку и од огромно значење за стабилноста на Европа, оцени вицепремиерот Маричиќ.

Собрание на Советот на Европа сака да го помогне напредокот кон евроинтеграцијата и затоа ги повикуваме земјите од Западниот Балкан да се осврнат на нерешените предизвици, изјави претседавачот Кокс.

Важно е да се одржи кредибилитетот за проширувањето со земјите од Западниот Балкан. Намалувањето на довербата во Унијата е поради неиспорачаните ветувања за членство, истакнаа пратениците.

Поради случувањата на Блискиот Исток се соочуваме со нови закани и затоа евроинтеграцијата на Западниот Балкан може да ја зацврсти безбедноста во Европа, заклучија на Меѓупарламентарната конференција.

 

 

Ирина Гелевска