Канадиенс преживеаја, Ренџерс се уште блиску конференциската титула
Хокејарите на Монтреал го победија Њујорк со 7-4 и останаа во игра за титулата во источната конференција во НХЛ Лигата. Резултатот во серијата сега е 3-2 за Ренџерс, коишто утре вечер ќе бидат домаќини во шестата, можеби и последна финална средба.

Хокејарите на Монтреал го победија Њујорк со 7-4 и останаа во игра за титулата во источната конференција во НХЛ Лигата. Резултатот во серијата сега е 3-2 за Ренџерс, коишто утре вечер ќе бидат домаќини во шестата, можеби и последна финална средба.
Слично како и против Бостон во полуфиналето, кога се соочија со елиминација по петтиот натпревар, Канадиенс го прикажаа најдобриот хокеј токму кога се најдоа „до ѕид“. Нивни лидер на мразот беше Рене Бурк, којшто го постигна првиот плеј-оф хет-трик во кариерата. Макс Пачиорети и Алекс Галчењук дадоа по еден гол и имаа по една асистенција, а мрежата на Њујорк ја погодија и Томаш Плеканец и Давид Дешарне. Андреј Марков запиша три асистенции.
Иако настапи со скршена вилица, Дерек Степан постигна два гола за Ренџерс, коишто еднаш се вратија во мечот, откако по 1-4 изедначија на 4-4, но немаа сили и уште еднаш да го оспорат триумфот на расположениот домаќин. Рик Неш и Крис Крајдер беа стрелци на по еден гол за Њујорк, на чијшто гол овој пат немаше своја вечер извонредниот голман Хендрик Лундквист. Швеѓанецот беше повлечен од мразот по четвртиот примен гол.
Втората меч-топка Ренџерс ќе ја имаат в четврток во „Медисон Сквер Гарден“. Победникот од оваа серија ќе се бори потоа за Стенли Куп пехарот со поуспешниот од западното финале, во коешто Лос Анџелес Кингс води против актуелниот шампион Чикаго Блекхокс со 3-1. „Кралевите“ можат да изборат пласман во големото финале уште вечер, ако победат во петтиот меч на нивни терен.
