Се поставуваат нови цевки под мостот „Беласица“
Од компанијата соопштија дека ова е комплексна активност за која се прават максимални напори да заврши во најкус рок, а во меѓувреме се користи алтернативниот вод на железничкиот мост кој има капацитет да врши континуирана испорака на топлинска енергија до потрошувачите, вклучувајќи ги и количините од ТЕ-ТО...

ЕСМ почна да ги поставува новите цевки кај мостот Беласица. Од компанијата соопштија дека ова е комплексна активност за која се прават максимални напори да заврши во најкус рок, а во меѓувреме се користи алтернативниот вод на железничкиот мост кој има капацитет да врши континуирана испорака на топлинска енергија до потрошувачите, вклучувајќи ги и количините од ТЕ-ТО.
Испорака на топлинска енергија се врши од 6 до 22 часот и зависи од надворешните температури во различен период од денот информираат од ЕСМ, од каде велат дека во периодите на високи дневни температури, се прекинува испораката на топлинска енергија.
Од ЕСМ апел до граѓаните да ги отстранат дефектите на внатрешната грејна инсталација и да ги пријават во центарот за грижа на потрошувачи.
