Победи за загревање на Франција и на САД!
Петнаесетте дена до почетокот на Светското првенство во Бразил не им оставаат многу простор за подготовки на репрезентации, па затоа се зголеми интензитетот на тест - натпреварите.
Франција потрди дека има добра генерација и иако можеби Норвешка не е вистинско мерило, славеше убедливо со 4:0. На „Стад Де Франс“, иако без Рибери, Бензема и Лорис, „Триколорите“ одиграа квалитетен меч. Два гола постигна Жиру, по еден Погба и Реми.

До мундијалот, Франција ќе одигра уште два контролни дуела и тоа на домашен терен со Парагвај и со Јамајка. „Галските петли“ на Светското првенство се во Групата Е со Швајцарија, Еквадор и со Хондурас.
И Американците со триумф ги почнаа мундијалските подготовки и тоа против Азербејџан со 2:0. Без Демпси, САД во Сан Франциско дури во второто полувреме дојдоа до победата и тоа благодарение на добро изведените прекини и головите на Дискеруд и на Јохансон.
Се до патувањето во Бразил, Американците ќе останат дома и ќе играат уште против Тунис и Нигерија. „Јенките“ се во тешка група со Германија, Португалија и со Гана.