Здравство

Во Куманово се заканува епидемија од морбили

20.10.2023 14:04

Само 40 отсто од децата во Куманово примиле вакцина против морбили. На најголемата општина во државата и се заканува епидемија. Преземените кампањи засега не ги даваат посакуваните резултати. Од Здравствениот дом информираат дека родителите од различни причини одбиваат да ги имунизираат децата …

Низок опфат од само 40 отсто од вакцинирани против морбили регистрира Куманово. Надлежните стравуваат дека постои опасност од појава на епидемија. Од Здравствениот дом во Куманово потврдуваат дека е паднат интересот за имунизација. Родителите од различни причини ја одбиваат оваа вакцина, но нема интерес ниту за останатите. Велат повеќето се поттикнати од антивакцинални кампањи. Стравуваат дека децата нема да проодат или проговорат.

За разлика од централното значајно поголем е интересот кај жителите од руралните и приградските населби за имунизација.

Вакцините посочуваат лекарите штитат од болести, значајно го подобруваат имунитетот. Мал пораст на имунизација на 60-ина деца регистрираат во септември.

Граѓаните велат децата треба навреме да се вакцинираат и да се спречи појава на епидемии. Дел од нив споделија и искуства од европските држави.

Со цел надминување на овој проблем Здравствениот дом во Куманово започна и кампањи за кревање на свеста на родителите. Воедно апелираат и во градинките да се примаат неимунизирани деца.

 

Елена Георгиевска