Отворен нов трговски центар, инвестиција вредна 350 милиони евра
Во Скопје е отворен новиот трговски центар „Дајмонд мол“. Инвестицијата е вредна 350 милиони евра, а се очекува да донесе над илјада работни места...

Скопје доби нов трговски центар. Отворен е „Дајмонд мол“ кај стара железничка станица. Инвестицијата е вредна над 350 милиони евра. Треба да отвори над илјада работни места. Во објектот ќе има 150 продавници.
„Се трудевме да направиме објект што ќе ги спои современите архитектонски стилови, природата и современиот животен стил на луѓето“, рекоа од групацијата „Лимак“
Овој трговски од затворен тип е само уште еден во низата центри во главниот град на земјава.
Покрај продавници, „Дајмонд мол“ на посетителите ќе им понуди и различни едукативни и забавни содржини, а ќе има и угостителски објекти.
Ана Јосифовска-Тодоровска
