Фудбал – трансфери

Покетино на клупата на Тотенхем!

28.05.2014 12:59

За само година ипол ја надрасна средината, па Маурисио Покетино од клупата на Саутемптон ќе седне на онаа на Тотенхем. 42- годишниот Покетино потпиша петгодишен менаџерски договор со екипата од „Вајт Харт Лејн“ чиишто амбиции се како и во 2010-11 да се пласира во Лигата на шампионите.

За неполни две сезони, Аргентинецот направи респектабилен тим од Саутемтон којшто Премиер лигата ја завши на осмото место. Со Покетино, Саутемптон играше допадлив фудбал и негова најголема заслуга е тоа што Лук Шоу, Адам Лалана и Рики Ламберт прераснаа во одлични играчи и се во мундијалскиот состав на Англија.

За Покетино кој ќе го замени Тим Шервуд, ова трет клуб во којшто ќе работи како менаџер. Тренерската кариера ја почна во Еспањол кадешто остана три години. Вообичано, Аргентинецот со себе во северен Лондон ќе го однесе комплетниот стручен штаб.

Заминувањето на Покетино го отвори прашањето кој ќе го наследи во екипата од „Сент Мери“. Во конкуренција се Михаел Лаудруп кој по замуинувањето од Свонси е без клуб, потоа Стив Мекларен кој со Дерби не успеа да се пласира во Премиер лигата, Мурат Јакин кој со Базел беше шампион на Швајцарија и Малки Макај кој беше отпуштен од Кардиф токму по поразот од Саутемтон.