Расте бројот на случаи на афазија во земјава
Расте бројот на случаи на афазија во земјава. Најмладиот пациент има седум години. Станува збор за нарушување на јазичните функции, до кое доаѓа поради мозочно оштетување...

Иако имаат афазија, нарушување на говорот, на Ирена и на Мирјана тоа не им е проблем да се дружат, да имаат активен социјален живот. Ирена 13 години има транзиторна афазија. Иако добила дијагноза, тоа не и било пречка во Индија да се едуцира и да стане инструктор по јога.
Иако се вели дека болеста се јавува кај повозрасни, има исклучоци. Најмладиот пациент со афазија има 7 години. Логопетката Антевска имала и пациент на 18 години кој по една година работа се вратил на училиште.
Ниту еден пациент не доаѓа само со афазија, таа е последица на некое невролошко заболување.
Мирјана и Ирена сакаат во здружението „Хоуп“ да ги обединат сите со афазија, да си бидат поддршка едни на други за полесно да ја надминат состојбата.
Наташа Јанчиќ Менковски
