Е. Пелистер не го прифати одложување на натпреварот
Ракометната федерација на Македонија (РФМ) попладнево го објави распоредот за натпреварите од претстојното 8. коло во машката Суперлига во кое нема измени во програмата во која за в недела во Битола е закажано големото дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961...

Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер во денешната реакција посочи дека не прифаќа одложување на натпреварот кој е закажан за в недела од 18 часот во салата „Боро Чурлевски“.
Ракометната федерација на Македонија (РФМ) попладнево го објави распоредот за натпреварите од претстојното 8. коло во машката Суперлига во кое нема измени во програмата во која за в недела во Битола е закажано големото дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961.
Раководството на Вардар 1961 вчера побара од РФМ одложувањето на дуелот во Битола поради неповолна здравствена состојба во тимот, наведувајќи дека повеќе играчи и членови на стручниот штаб се болни од тешка вироза. Вардар 1961 е првопласиран на табелата во групата Б со максимален ефект, пред Еурофарм Пелистер, кој има ефект од шест победи и еден пораз.
