Кошарка

Кошаркарите на Олимпијакос со нов рекорд во Евролигата

20.10.2023 21:49

Последниот ваков триумф го имаа против Партизан, во четвртото коло од новата сезона (98:94), што беше 33. пат да одиграат дополнителни пет минути.

Кошаркарите на Олимпијакос славеа по 22. пат во својата историја, по продолженија во евролигата. Последниот ваков триумф го имаа против Партизан, во четвртото коло од новата сезона (98:94), што беше 33. пат да одиграат дополнителни пет минути. 

Со победата над „црно-белите“, поставија рекорд на континенталното натпреварување, престигнувајќи го најголемиот ривал, Панатинаикос.