На Светското првенство во карате ќе настапат и 14 македонски каратисти
Будимпешта од 24-ти до 29-ти октомври ќе биде домаќин на Светското првенство во карате на кое меѓу 1.100 натпреварувачи од 120 земји од пет континенти ќе настапат и 14 македонски каратисти...

Будимпешта од 24-ти до 29-ти октомври ќе биде домаќин на Светското првенство во карате на кое меѓу 1.100 натпреварувачи од 120 земји од пет континенти ќе настапат и 14 македонски каратисти.
Пред новото големо натпреварување на кое ќе биде собрано елитното друштво, македонското карате со причина има големи очекувања од експедицијата предводена од освојувачот на сребрениот медал на Светското првенство 2021, Емил Павлов.
По повод настапот на македонските каратисти на завршниот турнир во Унгарија, денеска во Агенцијата за млади и спорт (АМС) се одржа прес – конференција на која претседателот Наумче Мојсоски потсети дека каратето е меѓу најтрофејните македонски спортови и на репрезентативците им посака успешен настап.
Фото:/ КФМ
