Газа

Отворен преминот Рафа за хуманитарна помош

21.10.2023 10:32

Помошта вклучува „лекови, медицински материјали и ограничено количество храна (конзервирана храна)...

Граничниот премин Рафах меѓу Египет и Појасот Газа денеска беше отворен за испорака на хуманитарна помош за палестинската енклава.

Помошта вклучува „лекови, медицински материјали и ограничено количество храна (конзервирана храна). Според палестинското исламско движење, конвојот се состоел од 20 камиони.

Претходно, американската амбасада во Израел соопшти дека граничниот премин Рафа ќе биде отворен за странци кои сакаат да го напуштат Појасот Газа.