Битола

Финансиската писменост кај младите претприемачи сè уште е на ниско ниво

21.10.2023 10:47

Секој нов бизнис носи свој ризик, но тој е многу поголем кога финансиската писменост кај младиот претприемач е на ниско ниво и во услови на економски нестабилни глобални текови. Со шестмесечниот проект поддржан од грант на Американската амбасада чии таргет се луѓе од 18-30 години и младите кои се во стручното образование, се очекува да се оди чекор напред во финансиската писменост која кај нас сè уште е на ниско ниво...

Без соодветна финансиска писменост тешко може да се развива успешна свежо почната бизнис приказна. За да се носат вистински одлуки во секојдневието а посебно во бизнисот младите мора да ја владеат како животна вештина, вели млада менаџерка на козметичка компанија која зад себе има седумгодишно претприемачко искуство.

Таа како ветер во грб гледа на шестмесечниот новопромовиран проект добиен од програмата за мали грантови на Американската амбасада.

Примената во образовниот процес ќе биде чекор напред бидејќи досегашните сондажи кажуваат дека финансиската писменост посебно кај младите претприемачи е на ниско ниво.

Со стекнувањето на ваквите вештини и помош на модерната технологија тие сметаат дека младите ќе можат да остваруваат солидни финансиски приходи дома наместо да заминуваат во странство.

 

Стевче Митревски