Украина
Руските сили не се откажуваат од обидите да ја опколат Авдјевка
21.10.2023 11:11
Украинскиот Генералштаб соопшти дека руските сили не се откажуваат од обидите да ја опколат Авдјевка, во областа Доњецк...

Украинскиот Генералштаб соопшти дека руските сили не се откажуваат од обидите да ја опколат Авдјевка, во областа Доњецк.
Синоќа бил нападнат Кривји Рих, погодена е индустриската инфраструктура.
Според украинскиот претседател, американската инвестиција во одбраната на Украина ќе обезбеди долгорочна безбедност за Европа и светот.
Бајден побара од Конгресот помош од 100 милијарди долари, вклучително и 60 милијарди долари помош за Украина и 14 милијарди долари за Израел.
