Преостанати спортови

Германски фудбалери имале сообраќајка!

28.05.2014 13:16

Иако биле заедно со специјалисти за брзините, германските фудбалски репрезентативци Јулијан Дракслер и Бенедикт Ховедес учествуваа во собраќајна несреќа во којашто се  повредени двајца пешаци. Фудбалерите на Шалке, Дракслер и Ховедес заедно со лидерот во формула 1 првенството Нико Росберг и со возачот во ДТМ шампионатот Паскал Верлајн, учествувале во снимање реклама за Мерцедес кога се случила несреќата..

Иако патот бил затворен, пред автомобилот ненадејно излегле двајца пешаци коишто веднаш потоа биле префрлени во болница. Еден од нив е серизоно повреден, додека другите учесници во сообраќајката минале без никакви последици.

Репрезентацијата на Германија се наоѓа на подготовки во италијанската дел од Алпите и тоа во областа Јужен Тирол каде што и се снимала рекламата.