Над 80% од водата во тетовските села е со бактерии и Ешерихија Коли
Над 80% од водата во тетовските рурални општини е микробиолошки загадена, покажаа последните анализи на Центарот за јавно здравје Тетово. Загаденоста е резултат на незаштитените селски водоводни системи, кои и не се дезинфицираат редовно...

Над 80% од водата во тетовските рурални општини е микробиолошки загадена, покажаа последните анализи на Центарот за јавно здравје Тетово. Загаденоста е резултат на незаштитените селски водоводни системи, кои и не се дезинфицираат редовно.
Вода со Ешерихија коли и колимфорни бактерии пијат поголем број од жителите на руралните општини од тетовскиот регион. Тоа го покажаа и последните испитувања на Центарот за јавно здравје Тетово.
Селските водоводните системи не се одржуваат и немаат никаква заштита, а голем број од нив наместо јавните комунални претпријатија нестручно ги раководат месните заедници.
Проблемот со микробиолошки загадена вода во руралните тетовски општини трае подолго време. Дел од жителите, велат дека купуваат флаширана вода, но користат и вода од чешма, која најчесто ја превриваат.
Во Тетово водата е микробиолошки исправна за пиење, а и издашноста на изворите од кои се снабдува стариот и новиот водоводен систем ги задоволува потребите на градот.
Зоран Димовски
