За трансплантација на бубрези чекаат 140 пациенти
За трансплантација на бубрези во земјава чекаат 140 пациенти, околу 15 за трансплантација на срце и околу 14 за црн дроб...

За трансплантација на бубрези во земјава чекаат 140 пациенти, околу 15 за трансплантација на срце и околу 14 за црн дроб.
Надлежните велат медицински персонал има, но, потребно е да се едуцираат уште екипи, да се работи и на зголемување на свеста за органодарителство, иако на овој план е направен напредок во изминатиот период.
За период од три години, 19 семејства дале согласност за донирање и трансплантирани се 67 органи и тоа 34 бубрези, три црни дроба, девет срца и 20 коскени ткива.
Националната координаторка за трансплантација Маја Мојсова-Мијовска во изјава за МИА вели дека ако се споредуваме со Европа, сè уште сме на ниско ниво.
