Шенген зона
Земји-членки на Шенген зоната ги зајакнуваат граничните контроли
21.10.2023 14:25
Земјите членки на ЕУ ги засилуваат граничните контроли поради страв од можни терористички закани...

Земјите членки на ЕУ ги засилуваат граничните контроли поради страв од можни терористички закани.
Словенија воведе гранични проверки со соседните Унгарија и Хрватска. Претходно Италија соопшти дека ќе го суспендира договорот за отворена граница со Словенија на 10 дена.
По случувањата на Блискиот Исток и терористички напад во Брисел, ЕУ ја разгледува потребата за брза депортацијата на луѓето кои можат да претставуваат јавна опасност.
