Лајчак: Очекуваме Косово и Србија целосно да ги исполнат своите обврски од дијалогот
Дипломати на Квинтата во Косово и Србија на средби со премиерот Курти и претседателот Вучиќ...

Нов обид за дијалогот помеѓу Белград и Приштина. Дипломати на Квинтата во Косово и Србија на средби со премиерот Курти и претседателот Вучиќ. За дијалогот нема алтернатива бидејќи тој носи нормализација, вели специјалниот претставник Лајчак. Нападот во Бањска на 24-ти септември мора детално да се истражи, а сторителите да се соочат со последици.
„Внимателно ги слушавме ставовите на премиерот Курти и неговата загриженост во однос на безбедносната ситуација на северот на Косово. Многу јасно ставивме до знаење дека сите виновници мора да бидат изведени пред лицето на правдата и очекуваме целосна соработка од Србија и конкретни дејствија во овој поглед. Очекуваме Косово и Србија целосно да ги исполнат своите обврски од дијалогот. Сакаме да продолжиме со процесот на нормализација и имплементација на она што беше договорено во Охрид“, изјави Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина.
