Струмица

Во Струмица се одржа Агро саем каде се претставија околу 200 фармери со свое производство

21.10.2023 15:45

Голем број земјоделци кои почнале и со производство на готови продукти учествуваа на Агро саемот во Струмица. Се надеваат дека ваквите манифестации ќе им помогнат да го промовираат и прошират својот бизнис. Агро саемот во Струмица организиран од Проагрофармери имаше за цел да ја зајакне соработката меѓу сите чинители во синџирот за производство на храна...

Семејството Куртов од Конче производители на природен маџун од грозје и слатко од тикви за првпат учествуват на една саемска манифестација. Имаат лозови и насади под тикви и почнале со производство на готови продукти. Преку Агро саемот во Струмица очекуваат поголема промоција.

На Агро самеот учествуваше и Љубица Џониќ од Црничани дојранско. Таа понуди готови производи од артичока што почнала од неодамна да ја сади на своите површини.

Зајакнување на соработката, но и довербата меѓу земјоделските производителите и потрошувачите, но и можност за вмрежување и добивање државна поддршка. Тоа е целта на саемот во Струмица

На саемот во Струмица околу 200 фармери и дистрибутери го изложија своето производство. Се информираа за новите технологии и опрема, а од Министерството за земјоделство се добија информации за државните мерки за поддршка.

 

Ване Трајков