ОМД: Да се стави крај на дискриминацијата на малцинствата во Грција
Да се стави крај на институционалната дискриминација против малцинствата во Грција бара Обединетата македонска дијаспора и Македонското движење за промовирање на македонскиот јазик. Од Форумот за човекови права во Солун испратија порака дека и покрај обврските на грчката држава, законските гаранции не се спроведени, а историското занемарување на протоколот стар 100 години велат прерасна во заплашување...

Се одбележува 100 годишнината од ратификацијата на Протоколот за заштита на малцинствата во Грција. Според претседателот на Обединетата македонска дијаспора Јорданов – состојбата на македонското малцинство не е променета. Очекува во иднина да се подобрат односите и да се работи на приближување на двата народа. Фокусот го става на унапредување на економската соработка.
Ниту по 100 години од ратификацијата на протоколот сè уште ништо не е имплементирано во Грција-вели директорот на Обединетата македонска дијаспора Јорданов. Малцинствата се третираат како дел од грчкиот национален идентитет. Нема гаранција за одржување на традицијата, историјата, јазикот, не само на македонскиот, туку и на други малцинства. Да се признае различноста, не е закана за грчката држава, констатира Јорданов. Дава забелешка дека државава се откажува од своето малцинство за разлика од Турција.
„Турција ги адресира овие проблеми, но за жал Македонија со признавање на Договорот од Преспа се откажа од своето малцинство. Но гледам дека од Договорот од Преспа го гарантира македонскиот јазик. Како што рекоа има обид за формирање на НВО кој ќе го заштитува македонскиот јазик како дел од грчката историја. Но судовите се изјаснуваат дека тоа не е можно бидејќи македонскиот јазик е од друга држава“, изјави Јорданов.
Европската Комисија работи на овој случај – вели Јорданов, посочувајќи ја токму имплементација на договорот од Преспа од страна на Грција. Економската соработка како нераскинлив дел на соседните народи може да биде клучна во приближувањето на двете страни.
Марина Стојанова-Тонева
