Поплави

Силно невреме низ Европа, во три држави поплави

21.10.2023 18:58

Невремето Бабет ја зафатени Велика Британија, северна Германија и јужна Скандинавија...

Невремето Бабет ја зафатени Велика Британија, северна Германија и јужна Скандинавија.

Силниот ветер и изобилните дождови за три дена предизвикаа поплави, евакуација на жителите, прекин на електричната енергија и на сообраќајот. Најмалку четири лица загинаа.

Шкотската агенција за животна средина предупреди дека уште една голема река, Дон, може да се излее.