Македонија
Косовските власти го депортираа игуменот Фотије во Македонија
21.10.2023 19:07
Косовските власти го депортираа игуменот Фотије, роден како Александар Костовски кој служел како свештеник во СПЦ во Македонија...

Косовските власти го депортираа игуменот Фотије, роден како Александар Костовски кој служел како свештеник во СПЦ во Македонија.
Од Рашко-призренската епархија, во која спаѓа и протераниот свештеник, обвинуваат дека косовските власти не се придржувале до законот за верски слободи и противправно и произволно го протерале отец Фотије додека ги подигнувал веќе одобрените документи за престој.
Случајот го набљудувале и претставници на ОБСЕ кои, според СПЦ, не добиле објаснување од Приштина за протерувањето на свештеникот кој синоќа со полициска придружба е депортиран преку преминот Блаце.
