Земјоделство

Тетовските земјоделци се жалат на недостаток на работна сила

22.10.2023 12:37

Во тетовско се помалку се обработуваат нивите. На градскиот пазар претежно се продаваат увезени производи, кои се нудат од трговци. Ретко може да се видат земјоделци кои како во минатото продаваа домашни производи. Младите си заминаа, а за тоа што го произведуваме нема пласман, се жалат тетовските земјоделци...

Јордан Котевски од тетовското село Доброште обработува 6 декари земја. Имаме плодна површина, но голем дел од неа е обрасната со трева и трње. Нема работна сила, младите си заминуваа, а и тие кои останаа и имаа мала желба да продолжат со оваа дејност се откажаа оти се соочија со еден куп проблеми.

Котевски своите производи како и неколкуте негови колеги ги продаваа покрај тетовскиот зелен пазар.

Но, од година в година вели не има се помалку.

Се е поскапено, а нашиот труд не се вреднува, се жалат земјоделците.

Поради проблемите во земјоделието на тетовскиот зелен пазар зеленчук и овошје се повеќе продаваат трговци кои претежно нудат производи од Албанија, Грција и Турција.

 

Зоран Димовски