Газа
Израел гранатираше пазар во Појасот Газа, има жртви и повредени
21.10.2023 22:14
Израел вечерва го гранатираше пазарот Нусејрат во Појасот Газа, а во нападот има и жртви...

Израел вечерва го гранатираше пазарот Нусејрат во Појасот Газа, а во нападот има и жртви, соопшти палестинското МВР, но не го прецизира бројот на жртвите и ранетите. Портпаролот на израелската војска веќе најави дека планира да ги зголеми нападите.
Во Каиро се одржа самит, од каде арапските лидери повикаа на мировно решение. Добрата вест е што пристигна првата помош на граничниот премин кај Појасот Газа.
За две недели во војната загинале речиси 6 илјади лица.
