Украина

Руски ракетен напад врз пошта во Харков

22.10.2023 11:26

Најмалку шест лица загинаа, а 14 се повредени во руски ракетен напад врз пошта во Харков. Продолжуваат битките и во Доњецк...

Најмалку шест лица загинаа, а 14 се повредени во руски ракетен напад врз пошта во Харков. Продолжуваат битките и во Доњецк.

Киев ќе продолжи со дипломатските напори за продолжување на поддршката за Украина, вели претседателот Зеленски.

Тој посочи дека разговарал со шефовите на Турција, Финска, Франција, Канада, САД како и со генералниот секретар на ООН за заштита на луѓето и да се спречи дестабилизацијата во другите региони.