Екстерно тестирање: Учениците подготвени, професорите очекуваат успех

28.05.2014 13:57

Објавени распоредите во сите училишта со деновите кога учениците ќе полагаат екстерно тестирање. Учениците се подготвени, а директорите очекуваат дека се ќе помине во најдобар ред...

Од изутринава во сите училишта се објавени имињата на учениците и денот и часот кога ќе полагаат екстерно тестирање. Кој предмет ќе го полагаат, ќе се знае три дена пред секое полагање.

Учениците велат дека прашањата се од материјалот што го учеле. Очекуваат дека ќе постигнат добри резултати.

Во изминативе две недели се пристигнати 3461 забалешка на прашањата за екстерно тестирање. Направена е корекција на сите забелешки, а најмногу ги има во однос на формулацијата на одредено прашање и во делот на преводот.

„Конкретно за мојот предмет имаше некои одредени прашања коишто можеби не беа добро поставени, се консултираа со мене, стапивме во контакт со одговорните кои ги имаат подготвено прашањата и сега засега се е во ред“, вели Загорка Хаџиарсова – Марковска, професорка по германски јазик во СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“.

Директорот на гимназијата Јосип Броз Тито вели дека секој што сака секогаш може да  најде причина да реагира, но со оглед на тоа што прашањата учениците ги имаат, се е регуларно. Очекува дека се ќе помине во најдобар ред.

„Максимално бевме концентрирани и ланската година, но оваа година особено.  Мислам дека од технички проблем нема да имаме апсолутно никакви проблеми, од друг карактер не очекувам проблеми бидејќи прашањата беа истакнати“, смета Драган Даневски, директор на СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“.

Тестирањето ќе го следат 638 набљудувачи, а ќе бидат ангажирани 175 администратори. Активни ќе бидат и инспекторите на Државниот просветен инспекторат кои ќе го контролираат  екстерното тестирање. Како дополнителна техничка поддршка, во функција ќе бидат кол-центрите на Државниот испитен центар.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска