Транспорт
Од Битола до Скопје и обратно ќе има само по еден воз дневно
22.10.2023 15:12
Од среда, наместо по три, на релација од Битола до Скопје и обратно, ќе сообраќа само по еден воз дневно...

Од среда, наместо по три, на релација од Битола до Скопје и обратно, ќе сообраќа само по еден воз дневно.
Според известувањето од, Железници на РСМ – Транспорт, наведуваат дека единствениот воз кој ќе може да го фатат битолчани за да стигнат до Скопје ќе поаѓа во 3:13 часот.
Од главниот град кон Битола, пак, возот ќе тргнува во 14:30 часот.
