Кандидатите за амбасадори во вторник на Комисија
Во вторник пред Комисијата за надворешна политика седум кандидати за амбасадор ќе ги презентираат проектите и плановите за идните дипломатски активности со што се очекува да финализира постапката за нивно заминување во амбасадите...

Во вторник пред Комисијата за надворешна политика седум кандидати за амбасадор ќе ги презентираат проектите и плановите за идните дипломатски активности со што се очекува да финализира постапката за нивно заминување во амбасадите.
Предлог за прв дипломат во Бразил е Игор Попов – дипломат од кариера. Професорот Никола Тупачевски, поранешен министер за правда, заминува во Белград, а драматургот и писател Сашко Насев во Кина.
На листата се и имињата на Илбер Села, кој треба да замине во Берлин, а Андреј Жерновски во Букурешт. Во Израел и Полска амбасадори ќе бидат Шпенд Садики и Јасмин Ќахил, двајцата вработени во МНР.
