Ватикан

Папата Франциск повика да се прекине војната

22.10.2023 18:02

Војната е секогаш пораз, војната е уништување на човечкото братство, изјави Папата Франциск...

Војната е секогаш пораз, војната е уништување на човечкото братство, изјави Папата Франциск. Пред верниците на плоштадот Свети Петар побара да продолжи хуманитарната помош во Газа и да се ослободат заложниците.

„Уште еднаш мојата мисла е со тоа што се случува во Израел и Палестина. Мислам на сериозната хуманитарна ситуација во Газа. И ме боли што дури и англиската болница и Грчко-Православната Парохиска Црква беа погодени во последните денови. Го обновувам мојот апел да продолжи дозволата за хуманитарна помош, а заложниците да бидат ослободени. Секоја војна во светот – и мислам и на маченичката Украина – е пораз“, рече Папата.