Иран
Лавров утре во посета на Техеран
22.10.2023 20:50
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров утре ќе го посети Иран, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова...

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров утре ќе го посети Иран, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Иранската новинска агенција ИРНА објави дека министрите за надворешни работи на Русија, Турција, Ерменија и Азербејџан биле поканети во Техеран на разговори.
Тема на средбата, како што се наведува, се односите меѓу Ерменија и Азербејџан по тензиите во конфликтот во Нагорно Карабах.
