Временска прогноза

Сончево со слаб ветер, температура до 27 степени

23.10.2023 09:09

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 22 до 27 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 26 степени.