Косово
Седница за Косово во ООН
23.10.2023 10:49
Советот за безбедност на Обединетите Нации расправа за новиот шестмесечен извештај за работата на мисијата на Косово...

Советот за безбедност на Обединетите Нации расправа за новиот шестмесечен извештај за работата на мисијата на Косово.
Во извештајот најостро се осудуваат нападите врз меѓународните сила на северот и насилството.
На седницата Србија ќе ја претставува премиерката Ана Брнабиќ, а Косово претседателката Вјоса Османи.
Претседателката на Косово во Њујорк се очекува да зборува за политичко-безбедносни случувања, со фокус на нападот во Бањска на 24-ти септември во кој загина полицаец и напаѓачи од српска националност.
