Проект за намалување на пластиката во земјава
Со поддршка од Глобалниот еколошки фонд, гевгелиско здружение од минатата година прави еко плочки при што се користи отпадна пластика која не се рециклира. Станува збор за пилот-проект за намалување на пластиката во земјава во кој се вклучени и партнерски организации, а целта им е да преминат и во социјално претпријатие...

Со поддршка од Глобалниот еколошки фонд, гевгелиско здружение од минатата година прави еко плочки при што се користи отпадна пластика која не се рециклира. Станува збор за пилот-проект за намалување на пластиката во земјава во кој се вклучени и партнерски организации, а целта им е да преминат и во социјално претпријатие.
Здружението Еколајв од Гевгелија од минатата година почна да произведува еко плочки од пластика. Пластиката која не се рециклира ја набавуваат физички и правни лица и во сопствените погони ја преработуваат во плочки за надворешно уредување. Станува збор за проект со кој се очекува да се намали пластиката во Гевгелија и земјава.
За производство на една еко плочка, потребни се десетина килограми отпадна пластика. Во процесот се користи и песок во сооднос 50:50. Дневно произведуваат 6 квадратни метри еко плочки од пластика, а нивните производи добија сертификат и до машински факултет од Скопје.
Проектот се реализира со поддршка од Глобалниот еколошки фонд при Европската унија во кој се вклучени и партнерски организации од Гевгелија и Кочани. Целта на еко активистите од Гевгелија е да го прошират производството и да преминат во социјално претпријатие.
Ване Трајков
