Јужно Кинеско Море

Филипините ја повикаа Кина да престане со провокациите

23.10.2023 11:22

Според властите во Манила, делувањето на Пекинг во Јужно Кинеско Море може да имаат катастрофални резултати...

Филипините повторно ја повикаа Кина да престане со „провокативните акции“. Според властите во Манила, делувањето на Пекинг во Јужно Кинеско Море може да имаат катастрофални резултати.

Реакцијата следи откако вчера кинеската крајбрежна стража се судри со филипински брод со оправдување дека спречила транспорт на нелегални градежни материјали до воен брод.

Двете земји спорат делови морето, чии острови и гребени се дел и од Виетнам, Малезија и Брунеи.