Земјоделство

Доцни есенската сеидба на житните култури

23.10.2023 11:37

Наместо да е во полн ек есенската сеидба во нашата најголема житница сè уште не е на почетокот. Најголем дел од механизацијата мирува поради сушните парцели велат земјоделците. И покрај годинешнава ниска откупна цена на пченицата тие сепак со мали исклучоци повторно ќе се определат за производство на лебното зрно. Помладите земјоделци бараат вистинска стратегија за рентабилно земјоделство...

Нашата најголема житница жедна, а механизацијата во најголем дел мирува. Наместо есенската сеидба да е во полн ек голем дел од парцелите не се ниту во фаза на подготовка велат земјоделците. Најмалку потребни се над 50 литри воден талог на метар квадратен.

Од една страна потиштени од сушата, а од друга и од годинешнава откупна цена на пченицата. Сепак најголем дел од нив велат дека лебното зрно останува стратешка култура и во овој неизвесен по обем сеидбен план.

Капак на земјоделските маки есенва е ниската откупна цена од 8 денари на пченката последица на берзанските случувања и осетно намалениот сточен фонд. Земјоделците од помладата генерација децидни време е за носење на вистинска стратегија за рентабилно земјоделие.

Врџовски апелира и за изградба на поголем бој силоси каде реколтите соодветно би се чувале и би чекале подобри цени на светските берзи. Сепак до некои подобри времиња му останува со погледите почесто да бидат кон небото.

 

Стевче Митревски