Штип
Пензионерите се подготвуваат за протест на седми ноември
23.10.2023 12:28
Празничен протест на пензионерите во Штип. Не отстапуваат од барањата за линеарно зголемување на пензиите. На седми ноември пензионерите од цела држава ќе протестираат пред странските амбасади...

Пет илјади денари линеарно зголемување и пензии не помали од 18 илјади денари. Штипските пензионери ги повторија барањата на празничниот протест каде укажаа дека недоволната масовна поддршка е резултат на притисоците кои доаѓаат од раководството на Здружението на пензионерите на Македонија.
Во услови на енормно поскапување на храната, покачувањето на пензиите не се чувствува, пензионерите велат дека на добар дел од нив теглите за зимница ќе останат празни.
Протестите ќе продолжат и понатаму со истите барања.
Славица Величковска
