Празник
Ден на македонската револуционерна борба
23.10.2023 13:51
Навршија 130 години од основањето на организацијата во 1893 година, чијашто цел било автономија на Македонија преку револуционерна борба...

Денеска го одбележуваме 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Навршија 130 години од основањето на организацијата во 1893 година, чијашто цел било автономија на Македонија преку револуционерна борба. По повод празникот, државни делегации положија цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје. Во Собранието доделена Државната награда. Известува Андријана Ѓурческа.
