Шпанија
Над 500 инциденти регистрирани во различни делови на Андалузија
23.10.2023 14:08
Повеќе од 500 инциденти се регистрирани во различни делови на Андалузија, Шпанија поради бурата Бернард...

Повеќе од 500 инциденти се регистрирани во различни делови на Андалузија, Шпанија поради бурата Бернард.
Силниот дожд и ветер ги зголеми повиците кон Андалузиските служби за итни случаи. Регистрирани се паднати дрвја и оштетување на патиштата.
Едно лице загина откако возило се превртело поради одрон на патот. 18 провинции во девет региони и денеска се во зголемен ризик од силен дожд, ветер и немирно море.
