Расте продажбата на товарни возила
На Скопскиот Саем, транспортните фирми имаат можност да се запознаат со широкиот асортиман, што го нудат производителите...

Да се инвестира во камион е голема работа. На Скопскиот Саем, транспортните фирми имаат можност да се запознаат со широкиот асортиман, што го нудат производителите.
„Веројатно нијансите одлучуваат, секако претставена е новата генерација на товарни возила, со економичност, долговечност, модерен дизајн“, вели Сања Кондарко од Скопски саем.
Ќе се претстават вкупно 12 компании од индустријата за товарни возила. ЕБС систем за сопирање, ЕУРО 6 мотори, софтвер за АЈ-ШИФТ, се дел од спецификациите на нивните модели. Велат дека се задоволни од побарувачката, што пред се се должи на ЦЕМ дозволите за меѓународен транспорт.
„Очекуваме зголемување на продажбата, затоа што минатата година имаше ЕУРО 5 возила, кои што веќе се продаваат од 2006 година. Сега од оваа година почна продажбата на ЕУРО 6 возила. Автоматски, оние ги нема, мора да се купуваат нови“, смета Љупчо Андревски – ДМ Транс.
„Во сите 3 модели имаме различни технологии, од паркинг клима, од безбедносни системи за секој возач и најмногу имаме влијание на комфорот на возачот“, изјави Ванчо Чучаковски – Волво Македонија.
„Можеме да се пофалиме ние како Македонија дека транспортерите имаат релативно нов возен парк. Кога ќе се земе на број на жители, во однос на регионот, може да се каже имаме најобновен возен парк“, смета Михајло Зографски – Мерцедес Македонија.
Изборот е голем. Што ли ќе биде пресудно кај транспортерите?
До 31 мај заинтересираните ќе може да се запознаат со сите новитети кај комерцијалните и товарните возила, произведени од врвни светски индустрии.
Лука Андреев
