Руско-Украински конфликт

Руските сили го гранатираа Купјанск, погодени станбени згради

23.10.2023 19:27

Продолжија нападите и врз уништениот источен град Авдивка и врз Херсон. Украинската одбрана соопшти дека соборила 14 дронови и крстосувачка ракета...

Борбите на истокот и на југот на Украина не запираат. Руските сили го гранатираа Купјанск, погодени станбени згради.

Продолжија нападите и врз уништениот источен град Авдивка и врз Херсон. Украинската одбрана соопшти дека соборила 14 дронови и крстосувачка ракета.

Москва тврди дека спречила обид на украински диверзанти да го преминат Днепар.